Екипа Топ 5: Идеална петорка на 6. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Шестото коло од Првата кошаркарска лига донесе шест возбудливи натпревари во кои до победи стигнаа ТФТ кој славеше против Кожув, Пелистер кој го одбрани домашниот терен од Чаир 2030, Еуро Никел кој го доби гостувањето во Скопје против Феникс 2010, Работнички кој беше доминантен против Академија ФМП, Гостивар кој ја продолжи победничката низа и МЗТ Скопје кој тимски одигра за лесна победа против Куманово.

View this post on Instagram

A post shared by MakBasket МакБаскет (@makkosarka)

Во идеалната петорка на колото место има за бекот на гостиварци, Лувејн Пипкинс кој постигна 24 поени со реализација 10/12 од поле, а додаде и 5 асистенции.

Одличен „ол-ароунд“ натпревар во нашиот главен град одигра и Марјан Младеновиќ кој го предводеше Еуро Никел до победа со 27 поени и реализација 7/10 за три поени, а додаде и 7 скока и 7 асистенции.

Камерон Форте блесна во дресот на Работнички, предводејќи ги „црвено-белите“ до втората победа во сезоната со неверојатен „дабл-дабл“ од 36 поени и 14 скока.

Страхил Николов имаше одличен меч за трета победа на ТФТ. Крилниот центар ги предводеше „црно-белите“ со 23 поени и 7 скока.

Сеад Хаџифејзовиќ продолжи со одличните настапи во „зелено-белиот“ дрес, а во шестото коло повторно беше најефикасен во својот тим со 24 поени и реализација 8/10 од поле на кои додаде и 6 скока.

Се вчитува...