Екипа Топ 5: Идеална петорка на 7. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Седмото коло од Првата кошаркарска лига донесе шест возбидливи натпревари по кои на победи се радуваа Кожув кој го совлада Феникс 2010, Работнички кој славеше на гостувањето кај Струмица, Куманово кој ја прекина црната низа и му го нанесе првиот пораз на Гостивар, ТФТ кој без проблеми славеше против Академија ФМП, исто како и  МЗТ Скопје против Чаир 2030 и Пелистер кој го доби мечот на колото против Еуро Никел.

Во идеалната петорка на колото место има за Димитар Караџовски кој во Кавадарци го предводеше „зелено-белиот“ тим со 20 поени, 4 скока, 3 укадени топки и 3 асистенции. Покрај него тука е и Дамјан Робев кој одигра „ол-ароунд“ меч проследен со 21 поен (5/7 за три поени), 6 скока и 5 асистенции.

Рамо Ризвиќ имаше одлично деби во „црвено-белите“ бои со 29 поени, 5 асистенции и 5 скока, додека дуото на кумановци Ненад Зивчевиќ – Марјан Јанески донесе домашна победа со 18 поени и 4 асистнеции, односно 22 поени, 9 скока и 6 украдени топки.

Се вчитува...