Екипа Топ 5: Идеална петорка на 8. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Осмото коло од Првата кошаркарска лига донесе шест нови возбудливи натпревари по кои на победи се радуваа Работнички кој го совлада Куманово, Гостивар кој славеше против Чаир 2030, Феникс 2010 кој го доби дерби мечот со ТФТ, Академија ФМП кој го одбрани домашниот терен од Струмица, Пелистер кој немаше проблеми против Кожув и МЗТ Скопје кој го доби натпреварот на колото против Еуро Никел.

Во идеалната петорка на колото место има за Максим Митевски кој постигна 19 поени со реализација 6/7 од поле, а додаде и 3 скока. Габриел Коскоски имаше одличен натпревар во Кисела Вода со 31 поен и 5 скока, исто како и Амар Хот кој во „Кале“ реализираше 7 поени и 14 скока од кои 8 во нападот.

Камерон Форте беше на чекор до трипл-дабл со 26 поени, 10 скока и 9 асистенции, додека Самит Јигитоглу го предводеше МЗТ Скопје со 16 поени, 13 скока и 2 блокади.


 

 

Се вчитува...