ЕКИПА ТВ – Енис Барди: Да ја искористиме шансата за пласман на Европско првенство

Македонската фудбалска репрезентација сигурно чекори во Лигата на нации. Има максимален биланс по три одиграни средби со што го реализира планот за приближување кон пласманот на следното Европско првенство.

Една од новите ѕвезди во националниот тим, Енис Барди за ЕКИПА ТВ вели дека ова е голема можност, Македонија конечно да го оствари сонот на многу генерации.

Фудбалерот на шпанскиот Леванте гордо се носи со споредбите со Меси, но вели, во светот на фудбалот, нема поголем од аргентинскиот ас.

 

Се вчитува...