Екс англиски репрезентативец ќе игра на Африканскиот Куп

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и Тотенхем, Стивен Кокер ќе игра во Африканскиот Куп со репрезентацијата на Сиера Леоне.

Фудбалската федерација на Сиера Леоне побара од ФИФА дозвола Кокер да игра за нив, иако тој играше за сите англиски селекции. Сепак, доби дозвола да игра за друга селекција.

„Официјално можеме да потврдиме дека ФИФА дозволи на Кокер да игра за Сиера Леионе“, изјави првиот човек на федерацијата Томас Брима.

Дедото на Кокер е роден во оваа земја. И самиот фудбалер е воодушевен.

„Се надевам дека ќе ги инспирирам децата ширум Светот и надвор од теренот, со помош на фудбалот можеме да покажеме многу повеќе. Сакам да станам пример за сите деца од Сиера Леоне“, изјави Кокер.

Кокер играше и за Кардиф, КПР, Данди, а во последните две години е во Турција. Играше за Аланија две години, па замина во Фенербахче, кој веднаш го отстапија на Газиантеп.

Се вчитува...