Екс-англиски репрезентативец мора на итна трансплантација на црниот дроб!

Поранешната ѕвезда на Њукасл и екс-репрезентативец на Англија, Кирон Даер (42), кој во моментов работи како тренер во младинската школа на Ипсвич Таун ќе мора да оди на итна трансплантација на црниот дроб.

Даер цела недела бил на детални лекарски прегледи по што било утврдено дека боледува од ретка болест на црниот дроб, по што ќе мора да му биде отстранет неговиот и да му биде пресаден нов.

„Мене уште пред неколку години ми беше дијагностицирана болест на црниот дроб, ама сега потребна е трансплантација. Се сметам за позитивна личност која ќе го преброди овој мал проблем“, вели Даер.

Тој за Њукасл играше од 1999 до 2007 година, а потоа замина во Вест Хем. За англиската репрезентација одигра 33 меча.

Се вчитува...