Екс-играч на Јунајтед: „Кој е тој Рангник? Дали тој воопшто е тренер?“

Ралф Рангник денеска официјално е промовиран за нов тренер на Манчестер Јунајтед. Тој денеска на прес-конференција одговараше на прашања од новинарите, со што седнува на клупата на Јунајтед, и своето деби ќе го има против Кристал Палас.

Сепак, легендата на клубот, Патрис Евра не е воодушевен од назначувањето на Германецот за нов предводник.

„Јунајтед има своја ДНК, начин на кој игра, и сега ќе дојде некој тип и ќе каже нема да играме веќе така. Јунајтед долго време игра една игра, и сега ќе дојде некој кој сето тоа ќе го промени. Тоа ме фрустрира“, вели Евра.

„Кој е Рангник? Дали воопшто е тренер? Што освоил? Мислам дека би требало да биде во Академијата, да учи деца“, јасен беше Евра.

На крајот кажа дека го почитува секого кој ќе го води Јунајтед, но смета дека треба да се почитува историјата на клубот и филозофијата на англискиот клуб.

Се вчитува...