Екс италијански репрезентативец и соиграч на Пандев објави крај на кариерата

Поранешниот италијански репрезентативец Доменико Кришито, објави пензија на 36 годишна возраст. Тој прочита проштално писмо на крајот од мечот Џенова – Бари 4:3, а токму тој го постигна победничкиот гол од пенал во 95. минута.

Кришито беше и соиграч на Горан Пандев во Џенова. Пандев по крајот на минатата сезона се одлучи да стави крај на кариерата.

„Драг фудбал, имам многу зборови да кажам, но ќе бидам краток. Благодарност до сите кои беа со мене на ова возбудливо патување. Благодарам Џенова, секој пат кога повторно се сретнувавме, беше исто како првиот пат. Секогаш кога го носев овој дрес, го давав максимумот, играв со целото мое срце. Престанувам да играм, но нема да го напуштам фудбалот, затоа што тој за мене е живот. Драга Џенова, те сакам“, кажа Кришито.

Тој играше во тимот на Зенит, а беше дел и од Џенова, Јувентус и Торонто. Во репрезентацијата одигра 26 натпревари.

Се вчитува...