Екс претседателот на полската федерација: Ако не одиме во Москва ќе бидеме исфрлени, и никој нема да плаче за нас

Збигњев Бониек, екс претседателот на полската фудбалска федерација смета дека најавата за бојкот на полските фудбалери на бараж натпреварот со Русија е апсурден, и дека не треба да се случи.

„Ова е мое лично мислиење. Повикот Полска да го бојкотира баражот е апсурд. Некој ќе пише на социјалните мрежи, но немаат поима за реалноста. Ниту јас, ниту било кој не може да одложи натпревар, туку само ФИФА може да го стори тоа“, рече Бониек.

Бониек смета дека нема причина натпреварот да биде преместен на друго место или на неутрален терен.

„Има ли закана за нашите играчи во Москва? Нема причина ФИФА да го премести натпреварот во Катовице на пример, како што би сакале ние. Таква ситуација имавме и кога игравме со Израел. Јас бев претседател, и тогаш двајца играчи не сакаа да патуваат, затоа што се плашеа за нивната безбедност. Добив уверување од МНР на Израел дека е безбедно. Отидовме, го одигравме мечот, победивме и здрави и живи се вративме дома“, изјави Бониек.

Што доколку полските фудбалери одбијат да патуваат во Москва?

„ФИФА ќе ја казни Полска со службен пораз, и ќе го загубиме баражот. Ќе бидеме елиминирани, и никој нема да плаче за нас“, рече Бониек.

Се вчитува...