Екс соиграчи му забиваат „нож во грб“ на Роналдо: Атмосферата во Јунајтед сега е подобра

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ерискен призна дека во клубот владее подобра атмосфера после заминувањето на Кристијано Роналдо од екипата.

Јунајтед му го раскина договорот на Португалецот сред Светското првенство во Катар, откако даде интервју на британскиот новинар Пирс Морган, во кое ги навредуваше раководството и стручниот штаб како и соиграчите на тимот.

 „Жал ми е што Роналдо повеќе не е дел од оваа приказна. Неговото име има посебен статус во клубот. Драго ми е што имав шанси во кариерата да ја делам соблекувалната со него. Сега сме во добра ситуација. Атмосферата во екипата е подобра. Се гледа дека системот функционира и дека сите играчи веруваат во тренерот.“, рече Ериксен.

Се вчитува...