Експлозија на Фрејзер-Прајс на „стотка“ за четврто злато во кариерата

Јамајканската атлетичарка Шели-Ен Фрејзер-Прајс истрча фантастична трка и доманантно го освои златниот медал на 100 метри со резултат 10.71 секунди. Тоа е нејзино четврто светско злато, потврдувајќи го со најдобриот резултат во оваа сезона. Имаше пеколен старт, излета како катапулт, а потоа само потврди дека е најбрзата на планетата.

Пријатно изненадување е Британката Дина Ашер-Смит, која стигна до второто место поставувајќи нов државен рекорд, 10.83 секунди. Трета на подиумот е Мари-Жозе Талу од Брегот  Слонова Коска, која ја истрча патеката за 10.90.

Четири спринтерки трчаа под 11 секунди, а без медал остана втората фаворитка од Јамајка, двојната олимписка шампионка, Илејн Томпсон.

Се вчитува...