„Експрес-метла“ за Мајами од плеј-офот: Јанис и Милвоки повторно ги понижија

Кошаркарите на Мајами без ниту една победа испаднаа на почетокот од плеј-офот во НБА лигата. Мајами во првата рунда беше потполно немоќен против Милвоки, кој вечерва триумфираше со 120-103 и со вкупно 4-0 во серијата го „збриша“ немоќниот ривал.

Мајами имаше максимални 12 поени предност во вториот период, но Милвоки успеа да ублажи до полувремето. Во вториот дел комплетен пресврт.

Фантастично издание на Јанис Антедукомбо кој запиша 20 поени, со 12 скока и дури 15 асистенции. Најефикасен кај Милвоки беше ветеранот Брук Лопез со 25 поени, а имаше и осум скока. Форбс уфрли 22 поени, а Мидлтон 20 поени со 11 скока.

Во составот на немоќниот Мајами, Адебајо постигна 20 поени, со 14 скока, а Батлер имаше „трипл-дабл“ ефект од 12 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Се вчитува...