„Ел Чирингито“ тврди: Трансферот на Азар во Реал е завршен (ВИДЕО)

Белгиецот Еден Азар е нов фудбалер на Реал Мадрид и тоа ќе биде објавено и официјално во наредните неколку часа, објави шпанскиот ТВ канал „Ел Чирингито“. Тој доаѓа за сума од 100 милиони евра и ќе биде третото големо засилување во реконструкцијата на тимот, по ангажманот на Милитао и на Лука Јовиќ.

„Часови не делат од официјален договор, премостени се пречките меѓу Челси и Реал Мадрид за реализација на трансферот“, објави шпанската телевизија.

Се вчитува...