„Ел Класико“ ќе биде одложено за декември?

Големите протести во Барселона можат да придонесат првото овосезонско „Ел Класико“ наместо да биде одложено за почетокот на декември. Ова е најновиот развој на настаните, откако раководството на Барселона ја одбило варијантата за промена на домаќинството.

Челниците на Ла Лига вчера испратија барање дуелот од 26 октомври наместо на „Камп Ноу“ да се игра на „Сантијаго Бернабеу“, но раководството на каталонскиот гигант ја отфрли оваа варијанта. Натпреварувачката комисија в понеделник ќе ја донесе конечната одлука, но како нова опција шпанските медиуми го најавуваат одложувањето за 4 или 18 декември.

Моментниот став на шпанските фудбалски власти е „дека не е разумно Ел Класико да се игра во Барселона во ситуација на сериозни политички тензии“. Владее сериозен сомнеж дека може да биде гарантирана безбедноста на навивачите и фудбалерите, па останува да се види како ќе се одвива ситуацијата во следните денови, по што ќе биде донесена и конечната одлука.

Се вчитува...