„Ел класико“ кое конечно ќе биде одиграно в среда ќе биде под досега најжестоко обезбедување. Поради критичната безбедносна ситуација во Каталонија, преземени се вонредни мерки за дербито да мине мирно. Министерот на внатрешни работи на покраината како и шефот на полицијата на прес конференција највија дека мечот ќе го обезбедуваат дури 3000 лица вклучувајќи го обезбедувањето на Барселона.
Реал Мадрид порача дека ќе дојdе во Барселона само ако му биде гарантирана апсолутна безбедност. Најголеми проблеми во моментов прави организацијата Цунами која се закани дека ќе го попречи дуелот.
Пресметката меѓу Барселона и Реал Мадрид требаше да биде одиграна во октмоври, но проценките тогаш беа дека поради политичката нестасбилност во Каталонија нема да може да биде одиграно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА