Ел команданте се одјави: РФМ и Раул Гонзалеc раскинаа

Раул Гонзалес веќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација. РМФ објави дека бил постигнат договор за спогодбен раскин на соработката.

„Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката.Би сакале да му се заблагодариме на Ел команданте за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакуваме се најдобро: многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи“ – стои во соопштението од ракометната федерација. 

Раул Гонзалес беше имануван за селектор во 2017 година, го предводеше националниот тим на ланското Европско првнество. По Светскиот шампионат во Германија и во Данска тој ја најави можноста да го напушти кормилото на машкиот национален состав со кој мундијалот го заврши на 15. позиција.

Се вчитува...