Ел Шарави го пропушта дуелот со Наполи

Напаѓачот на Рома, Стефан Ел Шарави, најверојатно ќе го пропушти дерби дуелот против Наполи претстојниов викенд, откако со повреда на бутниот мускул се врати во клубот по репрезентативната акција на „аѕурите“. Тој влезе во последните моменти од мечот меѓу Албанија и Италија (0-1), но, сепак, се врати повреден во таборот на „римската волчица“. Ова секако ќе претставува голем проблем за тренерот Еузебио Ди Франческо.

Добра вест за шефот на стручниот штаб на Рома е опоравувањето на Даниеле Де Роси, кој не беше дел од италијанската репрезентација и доби можност да заздрави од повредата. Тој се очекува да биде во составот, исто како и Флоренци.

Рома в сабота на „Олимпико“ го пречекува Наполи, кој е единствениот тим со максимален ефект во Серија А по седум одиграни кола.

Се вчитува...