Ели Јаковска потпиша за Бешикташ

Капитенката на ЖФК СЦ Истатов 2015 и најдобра фудбалерка во македонското првенство, Ели Јаковска, потпиша договор со турскиот клуб Бешикташ и се сели во Турција. Ова е голем трансфер за напаѓачот на „истатовки“, која тргнува по стапките на Наташа Андонова.

„Горди сме како клуб на неа, на сето онаа што го даде како придонес за време на нејзиниот престој овде, со искрени желби за добри настапи, голови и титули со новиот клуб“, истакнаа од клубот ЖФК СЦ Истатов 2015, за трансферот на Јаковска.

eli jakovska besiktas 2

Се вчитува...