СТАНОЈКОВИЌ ОТВОРЕНО ВО „ПРЕСИНГ“: „Уметникот Инфантино и светскиот полицаец Трамп го девалвираа и загрозија светскиот фудбал како игра! (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК едно од најголемите македонски фудбалски имиња во историјата, Вујадин Станојковиќ, еден од само тројцата Македонци кои во историјата

Вујо, заедно со Дарко Панчев, беа дел од репрезентацијата на Југославија на Светското првенство 1990 во Италија, па сега во епизодата на „ПРЕСИНГ“, меѓу другото, и со компарација на тој шампионат со оној сега штотуку завршен во САД, Канада и Мексико.

Според Станојковиќ, кој го дели мислењето на добар дел од светот, како никогаш досега овој светски шампионат беше оптоварен со политика, а Џани Инфантино и Доналд Трамп со контроверзните и скандалозни одлуки едноставно го девалвираа фудбалот како независна игра, загрозувајќи го до степен поради кој мора веднаш да се реагира.

„Аргентина беше фаворизирана и тоа без дилема. И тоа, и политички и од врхушката на на Инфантино, односно на ФИФА. Мислам дека тој човек треба само да каже ви благодарам, пријатно и да си даде оставка. И, да дојде некој човек кој навистина ќе ги среди работите, затоа што ако продолжи вака со овој ритам и со овој начин на водење на ФИФА, мислам дека нема никаде да го доведе светскиот фудбал кој и веќе е доведен до дно и загрозен сега“ – вели популарниот Вујо и дополнува:

„Колина, еден од најдобрите судии во историја на судењето, да си дозволи таков луксуз да одредени ситуации не ги санкционира и не ги коригира, барем за следниот натпревар. На времето биле само тројца судии и еден делегат, па ги воделе перфектно натпреварите. Сега ги има пет на терен долу и уште тројца во ВАР. Осум судии и тие не виделе. Дајте ве молим. Египет тотално оштетен. Зеленонртските острови исто. Да, не зборувам после тоа за некои други натпревари во осминафиналето. И затоа велам дека тој човек треба одма да си оди од ФИФА. А, плус не можеш ти да се радуваш на голот на Меси кога си прв човек на ФИФА. Па оди кај Аргентинците таму на трибина, па радувај се“.

Станојковиќ не може да помине и преку фактот дека претседателот на САД, Доналд Трамп, се ставил во преден план во однос фудбалските ѕвезди дури и во финалето на шампионатот. А, посебна приказна е поништениот црвен картон за репрезентативецот на САД, што е преседен кој не се памети во фудбалот.

„И од друга страна, уште една небулоза на светско ниво. За мене е поразителна. Трамп, „светскиот полицаец“, доаѓа да доделува пехар покрај Ибрахимовиќ, покрај, внимавајте, сите ѕвезди кои беа таму. Цела шпанска генерација беше таму…, па Роналдо Назарио и некој друг, сосема трет. И не можеш ти да кажеш ќе го поништиме црвениот картон на тој и тој. Може да игра на следниот меч.Како може да поништиш ти? Кој си ти? А, сите светски аналитичари молчат на сето ова кое го девалвира и уништува фудбалот. Ама, затоа и се тоа некакви квази-аналитичари“ – вели отворено Станојковиќ.

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ВУЈАДИН СТАНОЈКОВИЌ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...