Елиф Елмас во тимот на колото во Серија А! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на вистински начин се препороди по враќањето во Серија А и настапите во дресот на Торино.

Во само четири одиграни натпревари за Торино, Елмас веќе запиша три мајсторски погодоци, кој од кој поспецифичен во својата перфикација. Па, не остана незабележана неговата одлична партија во ремито на гостувањето против Парма во кое македонскиот офанзивец постигна нов прекрасен погодок.

Сето тоа го издвои како еден од најдобрите фудбалери на натпревари, со место и во тимот на колото во италијанскиот шампионат во изборот на Серија А.

Се вчитува...