„Елитен“ фудбал – со пумпи и мостови да се спасите од „поплави“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Интересни, ако може така да се каже, услови за игра имаа денеска фудбалерите на Шкупи и Вардар во Чаир, односно Академија Пандев и Силекс во Струмица во последното есенско коло од шампионатот.

Кал, поплавени делови од терен, стадиони под вода, „потомпни пумпи“ во мода и импровизирани „мостиња“ за да се дојде до терен беше сликата во Скопје и во Струмица како заокружување на крајот на есенскиот дел од „елитниот“ наш фудбал!

Овие фотографии уште еднаш само го потенцираат проблемот со кој долги години се соочува македонскиот фудбал – несоодветната инфраструктура. Не подобра беше сликата денеска и на стадионот „Могила“ во Прилеп, каде Победа ги игра натпреварите во очекување на реконструкцијата на „Гоце Делчев“. Затоа постојано лебди прашањето зошто се дозволува фудбал на вакви терени во 21. век?

И покрај комплетната финансиска поддршка од ФФМ, градови како Прилеп, Битола, Штип, Велес…. изминативе години тешко се одлучуваа и на своја акција за инфраструктурно решавење на проблемите на фудбалските капацитети.

[new_royalslider id=”867″]

Се вчитува...