Елмас беше стартер, Наполи загуби од Барселона

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во тимот на Карло Анчелоти на пријателскиот натпревар против Барселона што се одигра во Мајами, САД. Одигра еден час и остави одличен впечаток, а Наполи загуби од Барса со 1-2.

Бускетс ја доведе Барселона во водство во 38.минута, а Умтити ја затресе сопствената мрежа четири минути подоцна по акцијата на Каљехон. Барселона стигна до триумф со голот на Иван Ракитиќ во 79.минута.

Двете екипи ќе одиграат уште еден пријателски натпревар во Мичиген, во сабота навечер по средноевропско време.

Се вчитува...