Елмас доби конкуренција – нов играч за врска во Наполи

Наполи продолжи да се засилува и во последниот ден од овој преоден рок откако тимот за кој настапува Елиф Елмас го комплетираше ангажманот на Андре Замбоб Ангуиса.

Станува збор за камерунски фудбалер за врска кој ќе се бори со Елмас за место во стартниот тим на „наполитанците“. Ангуиса доаѓа од редовите на Фулам, и тоа на едногодишна позајмица, со можност Наполи следното лето целосно да го откупи неговиот договор со лондонскиот клуб бза 15 милиони евра.

Фулам во 2018 година плати 23 милиони фунти за да го доведе Ангуиса од Олимпик Марсеј. Камерунецот по една година во овој клуб замина на позајмица во Вилјареал, потоа се врати назад во лондонската екипа, но откако овој состав не успеа да обезбеди опстанок во елитата Ангуиса повторно е испратен на позајмица, овојпат во Калчо-лигата.

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum