Елмас добива нов тренер: Стратегот што го елиминираше Јуве од ЛШ доаѓа во Наполи

Аурелио де Лаурентис објави дека ја прекинува соработката со Џенаро Гатузо, а весникот „Кориере дело спорт“ објави дека веќе е познато и името на новиот тренер на Наполи – Серџо Консеисао.

Португалскиот стратег бележеше добри резултати со Порто, со оваа екипа успеа и да го елиминира Јувентус од Лигата на Шампионите, но откако ја загуби трката за титулата од Спортинг Лисабон почна да разгледува други опции за иднината.

Консеисао имаше успешна играчка кариера во Италија носејќи го дресот на Лацио, Парма и Интер, па сега е подготвен да се врати на Апенинскиот полуостров и како тренер, и тоа како предводник на амбициозниот проект на „наполитанците“.

Елиф Елмас не добиваше голема шанса кај Гатузо, кај кого најчесто влегуваше во игра во второто полувреме од натпреварите, па останува надежта дека македонскиот ас ќе добива позначајна улога кај новиот стратег, кој својата промоција би требало да ја има до крајот на оваа седмица.

Се вчитува...