Елмас добива врвен стратег за тренер во Фенербахче

Смената на највисокото раководство на Фенербахче ќе придонесе да дојде и до промена на тренерската функција во фудбалскиот колектив, што би требало да биде добра вест и за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Ајкут Кочаман не му ја даде на Македонецот шансата што ја заслужува, но тој нема да го води тимот во наредната сезона, а на негово место ќе пристигне холандската фудбалска легенда Филип Коку.

Станува збор за стратег кој бележеше одлични резултати со ПСВ Ајндховен, тим со кој ја освои и титулата во холандското првенство. Турските медиуми подолго време шпекулираа со поранешниот фудбалер на Барселона, но синоќа и холандскиот весник „Де Телеграф“ потврди дека договорот е постигнат, а Коку најдоцна до 1 јули и официјално ќе седне на клупата на Фенер.

Тој ги договорил личните услови, а сега останува уште Фенербахче и ПСВ Ајндховен да се договорат околу висината на отштетата (се шпекулира со сума од 2,5 милиони евра), за трофејниот стратег да пристигне во Истанбул.

Се вчитува...