Елмас и дефинитивно ќе има нов тренер – Гатузо се договори со Фиорентина

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и дефинитивно ќе има нов тренер од следната сезона, откако актуелниот Џенаро Гатузо и официјално се договори за преземање на клупата на Фиорентина.

Веќе е постигнат договор меѓу Гатузо и Фиорентина кои треба да потпишат двегодишна соработка, со можност за продолжување и до јуни 2024 година.

Според најавите од италијанските медиуми, Гатузо ќе има целосна слобода околу играчкиот кадар и трансфер политиката на клубот.

Се вчитува...