Елмас и Наполи го урнаа и Милан (ВИДЕО)

Елиф Елмас и Наполи со уште еден „скалп“ сезонава од најсериозните кандидати за титула во Серија А. Вечерва славеа на гостувањето кај Милан со 0-1 во дерби натпреварот од 27. коло.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 49. минута кога Политано стрелаше на асистенција на Зјелински.

За издвојување е и црвениот картон на Анте Ребиќ во 91. минута, кога Хрватот ги загуби нервите. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните 15 минути на натпреварот влегувајќи во игра во 75. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...