Елмас и Наполи се дерби-мајстори, „волчицата“ без одговор за Мертенс

Наполи забележа уште една значајна гостинска победа во Калчо-лигата откако по триумфот над Милан тимот на нашиот Елиф Елмас вечерва славеше и во Рим над Рома со 0-2.

Дрис Мертенс беше човекот на одлука на оваа средба, Белгиецот блесна во првото полувреме со два погодоци со кои практично и го реши прашањето на победникот. Особено убав беше оној првиот, кога Мертенс од слободен удар од дваесетина метри го матираше домашниот голман и ја најави победата на „наполитанците“.

Рома најубавата шанса ја пропушти во вториот дел, кога обидот на Пелегрини заврши само во дирекот од голот на Наполи. Елиф Елмас влезе во игра во 72. минута на местото на Зиелински и даде свој придонес во овој голем триумф, со кој Наполи се врати на петтото место на табелата, на „минус два“ од Аталанта и со меч помалку од тимот од Бергамо.

Се вчитува...