Елмас и Наполи со гол во 90. минута ја добија пресметката со Удинезе

Наполи благодарение на голот на Бакајоко во 90. минута успеа да дојде до посакуваната победа на гостувањето против Удинезе, триумфирајќи со 1-2 во 17. коло од Серија А.

„Наполитанците“ поведоа со голот од пенал на Инсиње во 15. минута, а Ласања во 27. минута израмни на 1-1. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Бакајоко во 90. минута донесе три бода за составот на Џенаро Гатузо.

Елиф Елмас влезе во игра во 68. минута во составот на Наполи, додека Несторовски ги одигра последните десет минути за Удинезе.

Лацио триумфираше на гостувањето против Парма со 0-2 со головите на Алберто и Каиседо во второто полувреме.

РЕЗУЛТАТИ – 17. КОЛО

Парма – Лацио 0-2

Удинезе – Наполи 1-2

Верона – Кротоне 2-1

Фиорентина – Каљари (18 ч.)

Јувентус – Сасуоло (20:45 ч.)

Се вчитува...