Елмас конечно добива шанса од првата минута

Елиф Елмас беше резерва на последните натпревари на Наполи, одигра десетина минути во големиот дерби триумф над Рома, но македонскиот ас конечно ќе добие шанса како стартер од тренерoт Антонио Конте.

„Наполитанците“ утре ќе го пречекаат Калјари во рамките од Купот на Италија, меч на кој Конте ќе изротира дел од првотимците. Според најавите од Италија, Елмас е еден од неколкуте кои сигурно ќе почнат од првата минута, но неизвесно е дали македонскиот ас ќе биде сместен во средниот ред, или како крилен офанзивец.

Она што е најважно, Елиф конечно ќе добие можност да ги покаже своите квалитети, за да се избори за поголема минутажа и во Серија А и во ЛШ во периодот што следи.

Се вчитува...