Елмас, лавовско срце – специјални копачки за Елиф (ФОТО)

Елиф Елмас со нетрпение го очекува продолжението на сезоната во италијанскиот фудбал, а македонскиот ас за „комплетен впечаток“ има подготвено и два пара нови копачки. Едниот е во црвено-жолта комбинација, со ликот на Елмас комбиниран со лавовска глава, вториот пар копачки се сино-бели, во боите на неговиот клуб Наполи.

Елмас и соиграчите првиот предизвик ќе го имаат веќе в петок, во реванш дуелот од полуфиналето во Купот на Италија против Интер. Мечот се игра во Неапол, но пред празни трибини, а „наполитанците“ имаат минимална предност од 1-0 од првиот натпревар во Милано.

Се вчитува...