Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас стигна до првиот трофеј во кариерата во дресот на Наполи освојувајќи го финалето од Купот на Италија.
По изведувањето на пеналите Наполи беше подобар од Јувентус, откако мечот во регуларниот дел заврши без голови. Елмас доби шанса во финишот од средбата, заокружувајќи го на најдобар можен начин своето прво финале со наполитанците.
„Прв трофеј во мојата кариера, и тоа освоен со специјален тим. Магична ноќ со надеж дека ќе биде првиот од долга серија трофеи!“ – напиша Елмас веднаш по освоениот трофеј во Копа Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА