Елмас: „Мора да си признаеме дека се наоѓаме во тешка ситуација… Ова е навистина лошо!“ (ВИДЕО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас видно разочаран по поразот од Шкотска, уште еден во низата во Лигата на нациите, овој пат со 0-2 пред домашните навивачи на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Елмас во изјава за медиумите по мечот ја нагласи неопходноста од било каква промена за да се извлечеме од навистина тешката состојба во која се најде репрезентативниот фудбал.

„Одигравме навистина лошо, мора да бидеме искрени. Нема што многу да се објаснува. Тешко ми е да зборувам, ова е многу тежок момент. Шкотска заслужено победи. Мене ми е најтешко, затоа што после се она што го направивме во минатото овој момент е навистина тежок. Треба да научиме нешто од оваа тешка состојба во која се наоѓаме. Седум натпревари без постигнат гол, е нешто навистина лошо. Мора да промениме нешто, или може да биде уште полошо“ – рече Елмас.

Се вчитува...