Наполи запиша убедлива победа од 4-0 против Рома во 9. коло од Серија А, во натпреварот кој се играше под знак на почитта кон Диего Армандо Марадона.
Наполитанците го отворија резултатот со евро-голот од слободен удар на Лоренцо Инсиње во 31. минута, кој веднаш потоа погодокот го прослави истакнувајќи го дресот на Марадона.
Во второто полувреме, убав гол со шут од 20 метри постигна и Руиз во 65. минута.
Мертенс во 81. минута погоди за 3-0, по одличниот шут на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од 22 метри. Елмас влезе во игра во 78. минута на местото на Зјелински.
На крај конечните 4-0 следеа во 87. минута преку Политано.
По оваа победа, Наполи со 17 бода се израмни на четвртата позиција со Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА