Елмас не доби шанса во ремито на Торино против Џенова (ВИДЕО)

Фудбалерите на Торино одиграа реми 1-1 на домашен терен против Џенова во последниот натпревар од денешната програма од 24. коло во италијанската Серија А.

Домаќините поведоа со 1-0 со автоголот на Торсби во судиското продолжение од првото полувреме. Конечните 1-1 ги постави Пинамонти во 68. минута. Елиф Елмас на овој меч се најде на клупата за резерви на Торино, но не доби шанса да влезе во игра.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...