Елмас: Не сакаме да заврши победничката низа

ЕКИПА во Ереван,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија против Ерменија ќе го има четвртиот предизвик во Лигата на нации. Ги гледа ривалите од врвот на табелата, а сака да ја продолжи и низата на непоразеност.

Најмладиот е Елиф Елмас, а со младоста си доаѓа и оптимизмот.

„Не сакаме да заврши победничката серија. Убаво е кога се редат триумфи, и ќе сториме се за да ја продолжиме низата и овде во Ереван. Ја респектираме селекцијата на Ерменија, сигурно дека имале лош ден против Гибралтар, но треба и да ја искористиме кризата во нивните редови. Секако, треба најмногу да се фокусираме на својата игра, да се надградиме и да одиграме на нивото како против Лихтенштајн, дури и подобро“, вели Елиф Елмас.

Се вчитува...