Елмас од клупа ја следеше победата на Наполи, Рома и Аталанта со сигурни победи (ВИДЕО)

Наполи стигна до тешка победа против Сампдорија од 2-1 во 11. коло од италијанската Серија А. Гостите имаа предност по првиот дел со голот на Јанкто во 20. минута.

Во вториот дел наполитанците одиграа далеку подобро и преку Лозано во 53. и Петања во 68. минута стигнаа до целосен пресврти и победа од 1-2.

Аталанта и Рома имаа лесни задачи во оваа рунда од калчолигата. Аталанта на домашен терен славеше над Фиорентина со 3-0, додека Рома ја декласираше Болоња на гости со 1-5.

 

 

 

Се вчитува...