Елмас повторно стартер, Барселона го декласира Наполи во Мичиген

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно беше стартер за Наполи и на вториот пријателски натпревар против Барселона во САД. На дуелот во Мичиген, Карло Анчелоти му даде 45 минути на Елмас во првото полувреме кое заврши без голови. Но, во вториот дел Барса беше многу подобра и славеше со убедливи 4-0.

Луис Суарез постигна два гола, првиот погодок за Барселона го запиша и Антоан Гризман, а во листата на стрелците се најде и Осман Дембеле.

Се вчитува...