Елмас повторно стартер за Наполи – Каљари е следниот предизвик за „дијамантот“

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ќе биде повторно стартер за Наполи, откако „дијамантот“ се најде во објавениот список за почетниот тим.

Наполи и Елмас овој пат ќе имаат нова мисија, победа на гостински терен против Каљари во рамки на 26 коло од Серија А.

Во досегашниот тек на сезоната Елмас има одиграно 25 натпревари за Наполи, а запишано 2 гола и 3 асистенции.

 

 

Се вчитува...