ЖДРЕПКА ЗА ЛШ: Елмас против Ливерпул, Адеми во група со Сити

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, со својот Наполи ќе се соочи против бранителот на европската шампионска круна Ливерпул во новата сезона од Лигата на шампионите.

Наполи е во групата Е, покрај со Ливерпул и со Салцбург и Генк.

Вториот македонски репрезентативец кој ќе биде дел од Лигата на шампионите, Аријан Адеми со Динамо Загреб ќе игра во Групата Ц заедно со Манчестер сити, Шахтјор Доњецк и Аталанта.

Повеќе од интересна е Групата Ф каде Барселона, како носител, ќе се соочи со Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага.

Но, не помалку интересна е и Групата Д во која се Јувентус, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен и Локомотива Москва.

Во Групата А, ПСЖ на мегдан ќе биде против Реал Мадрид, Бриж и Галатасарај.

Белградска Црвена Звезда ќе биде во Групата Б заедно со Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос.

Се вчитува...