Елмас се пресели во Гостивар

Младиот 17-годишен играч од средниот ред Мухамед Елмас, се пресели во редовите на Гостивар. Досегашниот играч на Работнички, ќе го носи дресот на новиот прволигаш, и овој трансфер на некој начин е изненадување, со оглед дека е најавуван како еден од најголемите таленти во македонскиот фудбал, и наследник на неговиот братучед Елиф.

Мухамед Елмас ги мина сите младински категории на „романтичарите“. Од Гостивар не откриваат детали, односно дали трансферот е перманентен или станува збор за позајмица, со цел новиот „дијамант“ да има поголема минутажа.

Гостивар продолжува со засилувањата, и покрај тоа што тимот имаше лош старт во сезоната, со два порази од два натпревари. Со цел да влезе во добра серија, Гостивар го ангажираше и младиот играч од средниот ред, кој треба да добие повеќе минутажа и да се стекнува со искуство со прволигашки фудбал.

Се вчитува...