Најголемата надеж на македонскиот фудбал Елиф Елмас, со нетрпение, како што вели, го очекува враќањето на терените и во дресот на македонската репрезентација.
Македонија оваа година ја очекуваат најзначајните натпревари за пласман на Европското првенство. Полуфиналето од баражот во Лигата на нациите против Косово, претходно откажано поради пандемијата на коронавирусот, се очекува на следниот состанок на УЕФА да биде закажано за октомври оваа година. Елмас, вели дека сите во националниот тим се подготвени сите македонски граѓани да ги направат горди на македонскиот фудбал.
„Чувство кое што никогаш не се заборава! Чувство да се постигне гол за својата татковина! Чувство за победа на својата нација, не е само обично чувство! Се гледаме наскоро на фудбалските терени, оваа Македонија ќе ве направи горда ви ветувам!!“ – порача Елмас преку социјалните мрежи, притоа потсетувајќи се на својата минатогодишна партија во националниот дрес минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА