Елмас стартер, но Фенербахче во зоната за испаѓање

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во тимот на Фенербахче на денешниот дуел против Анталијаспор кој заврши без голови. Ниту новиот тренер не успеа да го внесе победничкиот дух во тимот на Фенербахче, кој со 16 освпени бода се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во турското првенство.

Во вториот дел, тимот на Елмас остана и со играч помалку поради исклучувањето на Роман Нојштатер во 75.минута од средбата. Никој ова не го очекуваше, но Фенербахче до крајот на шампионатот грчевито ќе се бори за опстанок во турската фудбалска елита.

Се вчитува...