Елмас стартува од првата минута против Интер

Елиф Елмас ја има довербата на Џенаро Гатузо, па македонскиот репрезентативец ќе се појави во стартниот тим на Наполи на премиерниот дуел по паузата поради коронавирусот.

„Наполитанците“ вечерва го играат реваншот од полуфиналето во Купот на Интер против Интер, а Гатузо го вклучи Елмас во стартниот тим, во обид во Неапол да се одбрани предноста од еден гол обезбедена со минималниот триумф на првиот меч во Милано. Македонецот доби шанса пред Руиз, кој беше стрелец на единствениот гол на „Џузепе Меаца“, па Елмас ќе настапи во средниот ред крај Зиелински и Деме.

Победникот во овој полуфинален двомеч за противник во големото финале ќе го има тимот на Јувентус.

Се вчитува...