Наполи без проблеми се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија со триумфот од 4-2 во четвртфиналната пресметка против Специја.
Се на мечот беше решено уште во првото полувреме кога „наполитанците“ постигнаа четири погодоци. Четвртиот дело на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во 40. минута, кој со прекрасен лоб-удар по проигрувањето од Инсиње го матираше противничкиот голман.
#NapoliSpezia
Napoli 4-0 Spezia – GOAL! Elif Elmas ?pic.twitter.com/Fw2MkVUVO8— ???? ????? (@Fastgoal2) January 28, 2021
Во второто полувреме, Специја со два гола успеа да го ублажи поразот.
Елмас одигра 70 минути на натпреварот, кога беше заменет од Осимхен.
Во полуфиналето на 10. февруари Наполи ќе се соочи со Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА