Елмас тргнува од првата минута против Интер

Елиф Елмас повторно добива шанса од првата минута на еден дерби-натпревар на Наполи, овојпат на вечерашното гостување на „Џузепе Меаца“ против екипата на Интер.

Тренерот Џенаро Гатузо се почесто смета на македонскиот „дијамант“ како стартер во првиот тим на Наполи, па така Елмас ќе добие шанса да блесне и на денешната пресметка со „нероаѕурите“. Тој го зазеде местото на главниот организатор на нападите на Наполи, Фабијан Руиз, па ќе се најде во триото на средниот ред на Гатузо, заедно со Деме и со Зиелински.

Аркадиуш Милик е избран за предводник на нападот во ситуација кога Мертенс е повреден, а полскиот голгетер крај себе ќе ги има Инсиње и Политано.

Се вчитува...