Ембид доби француски пасош

Кошаркарот на Филаделфија 76, Жоел Ембид доби француско државјанство. 27-годишникот и еден од најдобрите кошаркари моментално во светот, ќе може да биде дел од репрезентацијата на Франција на Летните олимписки игри во Париз во 2024 година.

Ембид е роден во главниот град на Камерун, Јаунде, а француско државјанство доби на основ на што неговите родители се државјани на оваа земја. Ембид минатата сезона беше меѓу тројцата финалисти за МВП наградата во НБА, а просечно по натпревар бележеше по 30,6 поени, 11,7 скока и 4,2 асистенции.

Франција на Летните олимписки игри во Токио го освои сребрениот медал откако во финалето беше поразена од Соединетите Американски Држави.

Се вчитува...