Кевин Дурант конечно се врати на терените откако излезе од Covid-протоколите на НБА-лигата, но ниту големата ѕвезда не успеа да помогне Бруклин да избегне пораз на домашен терен од Филаделфија. На крајот гостите славеа со 102-110, а најефикасен беше центарот Џоел Ембид, кој реализираше 34 поени и седум скокови. Макси додаде 25 поени за победничкиот тим, додека Сет Кари го заврши мечот со 17 поени и 6 аситенции. На спротивната страна Дурант и Харден реализираа по 33 поени, но и тоа беше недоволно за Бруклин да слави.
Милвоки во ефикасен дуел како гостин триумфираше во Орланд со 118-136. Очекувано, во главна улога беше Јанис Адетокумбо со 33 поени и 12 скокови.
Бредли Бил со 29 поени и 10 асистенции го предводеше Вашингтон во победата над Кливленд од 110-93, додека најефикасен во таборот на Кливленд беше Кевин Лав, со дабл-дабл од 24 поени и 11 скокови.
Резултати НБА:
Бруклин – Филаделфија 102-110, Орландо – Милвоки 118-136, Вашингтон – Кливленд 110-93.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА