Ембид ја водеше Филаделфија до победа над Бостон, Леброн херој за Лејкерс (ВИДЕО)

И дефинитивно Џоел Ембид ја зацементира својата МВП награда во најсилната кошаркарска лига во светот НБА, откако синоќа ја водеше својата Филаделфија до победа на домашен терен во дербито на Источната конференција против Бостон Селтикс од 103-103.

Ембид натпреварот го заврши со 52 поени и 13 скока. Кај поразените Дерик Вајт постигна 26 поени.

Леброн Џејмс како во најдобрите денови ги водеше Лос Анџелес Лејкерс до важна победа во битката за плеј-оф на гостувањето кај Јута Џез по продолженија со 133-135.

Леброн натпреварот го заврши со 37 поени, додека кај поразените по 23 уфрлија Хортон Такер и Кели Олиник.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Шарлот – Торонто 100-120, Детроит – Мајами 105-118, Орландо – Кливленд 113-117, Вашингтон – Милвоки 128-140, Бруклин – Минесота 102-107, Чикаго – Атланта 105-123, Хјустон – Денвер 124-103, Мемфис – Портланд 119-109, Њу Орлеанс – Сакраменто 103-121, Голден Стејт – Оклахома 136-125 и Феникс – Сан Антонио 115-94.

Се вчитува...