Емери: Џака не е способен да игра во Ливерпул

Гранит Џака дефинитивно нема да се појави во тимот на Арсенал на утрешното гостување против Ливерпул во рамките од Лига-купот на Англија. Ова вечерва го потврди и Унаи Емери, потенцирајќи дека со швајцарскиот ас допрва ќе бидат водени разговори поради непрофесионалниот однос и конфликтот со навивачите во второто полувреме од мечот со Кристал Палас.

„Џака нема да патува во Ливерпул бидејќи не е способен да игра. Тој е разочаран, депримиран од она што се случи и најпрвин мораме да го вратиме од човечки аспект, па потоа да размислуваме за негов камбек во екипата. Има време да се дискутира дали ќе остане капитен, но она што е клучно во моментов е дека тој не е фокусиран на фудбал по она што се случи против Палас“ – изјави Емери.

Арсенал ќе биде сериозно ослабен бидејќи покрај Швајцарецот, за Ливерпул воопшто не отпатуваа ниту Обамејанг, Давид Луиз и Чемберс, а шанса ќе добие Месут Озил.

На спротивната страна, Ливерпул исто така најавува тим составен од голем број на млади фудбалери, па „црвените“ веќе обелоденија дека улогата на прв голман ќе му биде доделена на младиот Келехер пред искусниот Адријан.

Се вчитува...